Псалми 100:1-5 MKDB2006 - Bible AI

1Воскликни Му на Господ, цела Земјо!

2Служете Му на Господ со радост; излегувајте пред Него со восклик!

3Знајте дека Господ е Бог, дека Тој нѐ создаде нас, а не ние самите; Негови сме — Негов народ и овци од Неговото пасиште.

4Влегувајте низ Неговите порти со славословие, во Неговите дворови со песна; славете Го, фалете го името Негово,

5зашто добар е Господ: Неговата ми­лост е вечна и Неговата верност е од род во род.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>