Псалми 101:1-8 MKDB2006 - Bible AI

1Ќе пеам за верноста и за правдата — Тебе, Господи, ќе Ти свирам!

2Ќе размислувам за патот непо­рочен: кога ќе го достигнам? Среде мојот дом ќе одам со чисто срце.

3Нема да ставам пред очите мои ништо пакосно; ги мразам делата на отпадниците — тие нема да се приле­пат за мене.

4Развратно срце нема да се прилепи до мене; за лукавиот не сакам да знам.

5Оној што тајно го клевети ближ­ниот свој, ќе го погубам; оној што е со горделиви очи и ненаситно срце, не го поднесувам.

6Очите ми се управени кон верните по земјата, за да седат со мене; кој оди по патот непорочен, тој ќе ми служи.

7Нема да остане во мојот дом оној, кој прави сплетки; кој говори лага, не можеше да остане пред очите мои.

8Секојдневно ќе ги истребувам сите нечестиви од земјата, за да ги истребам од Господовиот град сите злосторници.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>