Псалми 106:1-48 MKDB2006 - Bible AI

1Алилуја! Славете Го Господа, зашто е добар, зашто Неговата милост е вечна.

2Кој ќе ја искаже силата на Господ, кој ќе ја разгласи сета похвала Негова?

3Блажени се оние што се држат до правдата и вршат праведност во секое време.

4Сети се на мене, Господи, во благо­волението Свое кон Твојот на­род; помогни ми кога ќе ги спасуваш нив,

5за да ги видам во добрини Твоите избраници, за да се развеселам со веселбата на Твојот народ, за да се пофалам заедно со Твоето наследство.

6Згрешивме ние и татковците наши, правевме беззаконија, постапувавме нечестиво.

7Нашите татковци во Египет не ги ценеа Твоите чудеса, не ги помнеа мно­гуте милости Твои и се побунија кога се приближија до Црвеното Море.

8Но Тој ги спаси заради името Свое, за да им ја покаже силата Своја.

9Му се закани на Црвеното Море, и тоа се исуши; и ги преведе по бездните како по пустина;

10и ги спаси од рацете на оние што ги намразија и ги избави од рацете на непријателите.

11Водите ги покрија нивните неприја­тели; не остана ниеден од нив.

12И тие поверуваа на зборовите Него­ви и Му испеаја похвала.

13Но тие набргу ги заборавија делата Негови, не го дочекаа Неговото реше­ние;

14се занесоа од похотливоста во пус­тината, па Го искушуваа Бога во без­водната земја.

15Тој го исполни нивното барање, но прати и пораз за душите нивни.

16Му позавидоа на Мојсеј во логорот и на Арон, светецот Гос­подов.

17Се отвори земјата, го голтна Датан и ја покри дружината на Ави­рон.

18И пламна оган врз нив, и пламенот ги изгори нечестивите.

19Направија теле на Хорив и му се поклонија на идолот.

20Ја заменија својата слава со лик на теле, што јаде трева.

21Го заборавија Бога, својот Спаси­тел, Кој изврши големи дела во Египет,

22чудеса во Хамовата земја, страш­ни дела при Црвеното Море.

23И рече дека ќе ги истреби, но Мој­сеј, Неговиот избраник, се застапи за нив во пукнатината, за да ја од­врати јароста Негова, та да не ги погуби.

24Тие ја презреа саканата земја, не Му веруваа на зборот Негов;

25и роптаа во шаторите свои, не го послушаа гласот Господов.

26Тој крена рака и им се заколна дека ќе ги погуби во пустината,

27ќе го расее нивното семе меѓу на­родите и дека ќе ги растури по земјите.

28Тие се придружија кон Ваал-Пе­ор и јадеа жртви, принесувани на мртви,

29Го дразнеа Бога со делата свои, и на нив падна погибел.

30Но стана Пинеас, се зазеде и по­морот престана.

31И тоа му се прими за праведност од род во род довека.

32И Го разгневија Бога кај водите на Мерива, и Мојсеј настрада заради нив,

33зашто тие го огорчија духот негов, и тој згреши со устата своја.

34Не ги истребија народите, за кои им беше рекол Господ,

35туку се смешаа со незнабошците и свикнаа на нивните дела;

36им служеа за нивните идоли, кои им станаа замка,

37и ги жртвуваа синовите свои и ќер­ките свои на злите духови;

38и проливаа невина крв, крвта на синовите свои и на ќерките свои, што им ги жртвуваа на хананските идоли, па земјата се извалка од таа крв;

39се осквернија со делата свои, блудствуваа со постапките свои.

40Се разгоре гневот на Господ против Неговиот народ, и Му омрзна наследството Негово,

41па ги предаде во рацете на непријателите и завладеаја над нив оние што ги мразеа.

42Непријателите нивни ги угнетуваа, и тие се покоруваа под нивната рака.

43Многупати ги избавуваше, но тие беа бунтовни со своите намери, па беа понижени поради своите беззаконија.

44Па сепак, Тој погледна на нивната потиштеност, кога ги слушаше нивните молби,

45си спомна на Својот завет со нив, се сожали поради големата милост Своја;

46па поттикна сожалување спрема нив кај оние што ги беа заробиле.

47Спаси нѐ, Господи, Боже наш, и со­бери нѐ од незнабошците за да го сла­виме Твоето свето име, да се фалиме со Твојата слава!

48Нека е благословен Господ, Бог Израелов, отсекогаш засекогаш! И сите луѓе нека велат: Амин! Амин! Алилуја.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>