Псалми 107:1-43 MKDB2006 - Bible AI

1Славете Го Господа, зашто е до­бар, зашто е вечна милоста Негова!

2Така да велат избавените од Господ, оние што ги откупи од непријателска рака.

3И ги собра од земјите, од исток и од запад, од север и од морето.

4Тие скитаа по безводната пустина и нигде пат ниту населен град не најдоа;

5трпеа глад и жед, душата им ос­лабна во нив,

6но во жалоста своја Го повикаа Гос­пода, и Тој ги избави од нивните неволји

7и ги поведе по правиот пат, за да одат кон населен град.

8Нека Го слават Господа за милос­та Негова и за чудесата Негови што им ги направи на синовите човечки:

9зашто Тој ја напојува жедната душа и душата гладна ја исполнува со блага.

10Тие седеа во темнина и смртна сен­ка, оковани со сиромаштија и железо;

11бидејќи не се покорија на зборо­вите Божји и се противеа на волјата на Се­вишниот.

12Тој го скрши нивното срце со мака, се сопнаа, и немаше кој да им помогне.

13Тогаш во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од маките нивни;

14ги изведе од темнината и смртната сенка и ги раскина оковите нивни.

15Нека Го слават Господа за милос­та Негова и за Неговите чудесни дела кон синовите човечки,

16зашто Тој ги здроби бронзените порти и ги скрши железните резиња.

17Неразумните страдаа поради своите грешни патишта и поради беззаконијата свои!

18Од секоја храна им се одвраќаше душата, и се приближија до вратата на смртта.

19Но во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од неволјите нив­ни;

20го испрати Своето слово, ги изле­кува и ги спаси од пропаст.

21Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова спрема синовите човеч­ки!

22Нека Му принесуваат похвална жртва и нека ги разгласуваат делата Негови со радост.

23Оние што запловија по море на ко­раби, што имаа работа по големите води —

24тие ги гледаа делата на Господ и чудесата Негови во длабочините.

25Тој рече — и настана бурен ветер и високо ги издигна морските бранови;

26се издигаа до небесата, слегуваа до бездната; нивната присебност се губи во неволјата;

27тие се збунуваат, се нишаат како пијани, и сета нивна мудрост им ис­чез­нува.

28Тогаш во скрбта своја повикаа кон Господ, и Тој ги изведе од маките нив­ни.

29И ѝ заповеда на бурата и таа се претвори во тивок ветрец и брановите молкнаа.

30Тие се развеселија, зашто стивнаа, а Тој ги упати кон нивното сака­но пристаниште.

31Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова и за Неговите чудес­ни дела спрема синовите човечки!

32Нека Го возвеличуваат со собра­нието народно и нека Го слават во со­ветите на старешините!

33Тој претвора реки во пустина, и водни извори — во сушна земја,

34земја плодородна — во солница, по­ради злобата на оние што живеат во неа.

35Тој претвори пустина во езеро, а сува земја — во земја со водни извори;

36таму насели гладни, а тие изгра­дија град за живеење;

37засеаја ниви, насадија лози, и тие им даваат свои плодови.

38Тој ги благословуваше, и тие многу се размножуваа, и добитокот нивен Тој не им го намалуваше.

39Кога беа проредени и пострадаа од притисокот на злото и од неволјата,

40Тој изли презир над кнезовите и ги остави да скитаат по пустината, каде што нема патишта.

41Но бедниот го извлече од сиромаштија, го умножи родот негов како овчо стадо.

42Праведните го гледаат тоа и се ра­дуваат, а секоја злоба си ја затвора устата своја.

43Кој е мудар и го пази ова, ќе ја раз­бере милоста Господова.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>