Псалми 109:1-31 MKDB2006 - Bible AI

1Боже, похвало моја, не премолчу­вај,

2зашто против мене се отворени грешни и лажливи усти; зборуваат со лажлив јазик против мене;

3отсекаде ме опкружуваат со злобни зборови, и без причина ме напа­ѓаат;

4место да ми возвратат со љубов, тие стануваат против мене, а јас се молам;

5ми враќаат зло за добро, омраза — за љубов:

6„Постави над него грешник, и ѓаво­лот да застане десно од него.

7Кога ќе му се суди, нека биде осуден, и молитвата негова да се прими за грев;

8дните негови да бидат кратки, а неговото достоинство друг да го земе;

9децата негови да останат сираци, а жената му — вдовица;

10децата негови да скитаат и да станат просјаци, изгонети надвор од своите домови.

11Заемодавецот да му земе сѐ што има, и туѓинци да го разграбаат трудот негов;

12нека нема кој да го заштити, да нема и кој да се смили над сираците негови;

13потомството негово да загине, и да се избрише името негово во следниот род;

14да биде спомнато пред Господ беззаконието на татковците негови, и гревот на мајка му да не се очисти;

15тие секогаш да бидат пред очите на Господ, и да се избрише споменот нивни на земјата.

16Зашто не помислил да покаже милост, туку ги гонеше бедните, си­ромасите, и оние со скршено срце, за да ги уништи;

17засакал клетва — па таа нека го стигне: не посакал благослов, — тој нека се оддалечи од него;

18нека се облече во клетва како во облека; и таа нека влезе во него како вода, и како масло — во неговите коски;

19та да му биде како облека, во која се облекува, и како појас, со кој секогаш се опашува.“

20Таква нека биде отплатата од Господ на оние што ме мразат и на оние што лошо зборуваат против душата моја.

21А мене, Господи, Господи, заш­тити ме заради Твоето име, зашто е блага милоста Твоја; избави ме,

22зашто сум беден и сиромав, и срцето мое во мене е рането.

23Исчезнувам како сенка што се од­далечува; ме гонат како скакулец.

24Колената ми изнемоштија од пост, а телото мое ослабе.

25Им станав за потсмев; оние што ме гледаат, нишаат со главите свои.

26Помогни ми, Господи, Боже мој, спаси ме поради Твојата милост.

27Нека разберат дека е тоа Твојата рака и дека, Ти, Господи, си го напра­вил тоа.

28Тие проколнуваат, а Ти, пак, благослови; и оние што стануваат против мене нека бидат посрамени, а Твојот слуга да се зарадува.

29Нека се облечат во презир противниците мои и како со облека да се покријат со својот срам,

30и јас со устата моја многу ќе Го славам Господа и меѓу мнозина ќе Го прославувам,

31зашто застана од мојата десна страна, за да ја спаси мојата душа од оние што ме гонат.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>