1ⓕМу рече Господ на мојот Господ: „Седи од Мојата десна страна, додека ги ставам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.
2Жезолот на Твојата сила ќе Ти го прати Господ од Сион: владеј меѓу непријателите Свои.
3ⓖПодготвен е Твојот народ за денот кога ќе ги поведеш Своите војски на светите гори; како роса од утробата на зората, со Тебе се младите борци.
4ⓗСе заколна Господ и нема да се покае: Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.“
5ⓘГоспод, Кој е од Твојата десна страна, во денот на гневот Свој, Тој ќе ги порази царевите;
6ⓙќе изврши суд над народите, ќе ја исполни земјата со трупови, ќе ги скрши главите на многумина на Земјата.
7Од потокот на патот ќе пие, и затоа високо ќе ја крене главата.