Псалми 111:1-10 MKDB2006 - Bible AI

1Алилуја! Ќе Те славам, Господи, од сѐ срце во советот на праведните и во собранието.

2Големи се делата на Господ, нека размислуват за нив сите што уживаат во нив.

3Неговото дело е слава и велико­лепие, а правдата Негова вечно ќе постои.

4Незаборавни ги направи чудесата Свои, милостив и штедар е Господ.

5Им дава храна на оние, кои се бојат од Него; вечно го помни заветот Свој.

6Силата на делата Свои му ја покажа на Својот народ, за да му ги даде незна­бошците во наследство.

7Делата на рацете Негови се верност и правда; и верни се сите заповеди Негови,

8утврдени засекогаш, засновани врз верност и правдина.

9Тој му испрати избавување на Својот народ; засекогаш го установи Својот завет. Свето е и страшно името Негово.

10Почеток на мудроста е стравот од Господ; здрав разум имаат сите, кои според неа постапуваат. Похвалата Негова пребива вечно.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>