Псалми 112:1-10 MKDB2006 - Bible AI

1ⓤАлилуја! Блажен е оној човек, кој се бои од Господ и кому му се мили Него­вите заповеди.

2ⓥНеговото потомство ќе биде силно на земјата; родот на праведните ќе биде благословен.

3ⓦСлава и богатство ќе има во него­виот дом; и правдата негова ќе преус­пева вечно.

4ⓧНа праведните во темнина им изгрева светлина; тие се благородни, милос­тиви и справедливи.

5ⓨИма добро за човек што е дареж­лив и на заем дава; тој праведно ги извршува своите работи;

6ⓩи никогаш нема да се разниша; пра­ведниот останува во вечен спомен.

7Од лоши гласови нема да се уплаши; срцето му е спремно, зашто се надева на Господ.

8ⓐСрцето му е цврсто: тој нема да се уплаши, кога — годе ќе погледне во не­пријателите свои.

9ⓑТој разделува, дава на сиромаси; правдата негова останува вечно; него­виот рог ќе се возвиши во слава.

10ⓒГрешниот, кога ќе го види тоа, ќе се јадосува, ќе крцка со забите свои и ќе се топи. Желбата на грешникот пропаѓа.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>