Псалми 113:1-9 MKDB2006 - Bible AI

1ⓓАлилуја! Фалете го, слуги Господо­ви, фалете го името на Господ.

2ⓔНека е благословено името Госпо­дово отсекогаш и засекогаш.

3ⓕОд исток до запад нека се просла­вува името на Господ.

4ⓖВозвишен е над сите народи Господ; Неговата слава е над небесата.

5ⓗКој е како Господ, нашиот Бог, Кој живее во височините,

6ⓘи Кој од високо гледа на небото и на земјата;

7ⓙКој од прав го издига сиромавиот и од калта го вади бедниот,

8за да го постави со кнезовите, со кнезовите на народот негов.

9ⓚКој неплодната ја вселува в куќи како мајка, што се радува меѓу многуте деца. Алилуја!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>