Псалми 114:1-8 MKDB2006 - Bible AI

1ⓛКога Израел излезе од Египет, до­мот Јаковов — од туѓ народ,

2ⓜЈудеја стана Божјо светилиште, Израел област Негова.

3ⓝМорето виде и избега; Јордан се врати назад.

4ⓞГорите се разиграа како овни, и рит­чињата — како јагниња.

5Што ти стана тебе море, па бегаш, и тебе, Јордане, па назад се враќаш?

6Зошто се разигравте, гори, како ов­ни, и вие, ритчиња, како јагниња?

7ⓟТрепери Земјата пред лицето на Господ, пред лицето на Бог Јаковов,

8ⓠКој камен претвора во водно езеро и карпа — во воден извор.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>