Псалми 115:1-18 MKDB2006 - Bible AI

1Не нам, Господи, не нам, туку на Своето име дај му слава, заради Твојата милост, заради Твојата вистина,

2да не речат незнабошците: „Па каде е нивниот Бог?“

3Нашиот Бог е горе на небесата; врши сѐ, што сака.

4А идолите на незнабошците се среб­ро и злато, дело на човечки раце:

5уста имаат, а не зборуваат, очи има­ат, но не гледаат;

6имаат уши, но не слушаат; имаат ноздри, но не мирисаат;

7раце имаат, но не пипаат; нозе има­ат, но не одат; тие не пуштаат глас од грлото свое.

8Слични на нив се и оние што ги прават, такви се и оние што се надеваат на нив.

9Доме Израелов, надевај се во Гос­под; Тој е наш помошник и заштитник.

10Доме Аронов, надевај се во Господ; Тој е наш помошник и заштитник.

11Вие кои се боите од Господ, надевајте се во Господ; Тој е ваш помошник и заштитник.

12Господ се сеќава на нас и нѐ благо­словил, го благословил домот Израе­лов, го благословил домот Аронов,

13ги благословил оние, кои се бојат од Господ, мали и големи.

14Нека ви придаде Господ вам повеќе, вам и на вашите деца.

15Благословени да сте од Господ, Кој ги создаде небото и земјата.

16Небесата се Господови небеса, а земјата Тој им ја даде на синовите човечки.

17Не ќе Те слават мртвите, Госпо­ди, ниту оние што слегуваат во местото на молкот,

18туку ние живите ќе Го благословуваме Господа отсега и засекогаш.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>