Псалми 116:1-19 MKDB2006 - Bible AI

1ⓒСе радувам дека Господ ќе го усли­ши гласот на моето молење,

2зашто го приклони кон мене Свое­то уво, и затоа ќе Го повикувам преку сите мои дни.

3ⓓСмртни болки ме обзедоа, пеколни маки ме стигнаа; се најдов во неволја и мака.

4ⓔТогаш го повикав името Госпо­дово: О, Господи, избави ја душата моја!

5ⓕМилостив е Господ и праведен, и милосрден е нашиот Бог.

6Господ ги пази слабите: бев во мака и Тој ми помогна.

7ⓖВрати се, душо моја, во својот мир, зашто Господ постапи добро со тебе,

8ⓗбидејќи душата моја ја истргна од смрт, очите мои — од солзи, и нозете мои — од сопнување.

9Одам со благодарност пред лицето на Господ во земјата на живите.

10ⓘВерував и кога говорев: во голема мака сум.

11ⓙВо мојата необмисленост си ре­ков: секој човек е лажливец.

12ⓚШто да Му дадам на Господ за сите Негови добрини што ми ги направи мене?

13ⓛЌе ја земам чашата на спасението и името на Господ ќе го повикам.

14ⓜЗаветите ќе Му ги упатам на Гос­под пред целиот Негов народ.

15ⓝСкапа е во очите на Господ смртта на Неговите светии.

16ⓞО, Господи, јас сум слуга Твој, јас сум слуга Твој и син на Твојата слугинка. Ти ги скрши моите окови.

17ⓟТебе ќе Ти принесам благодар­ствена жртва;

18ⓠќе ги исполнам заветите мои на Господ пред сиот Негов народ.

19Во предворјето на домот Госпо­дов, среде тебе, Ерусалиме!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>