1ⓣСлавете Го Господа, зашто Тој е добар, зашто милоста Негова е вечна.
2ⓤНека каже сега домот Израелов дека милоста Негова е вечна.
3Нека рече сега домот Аронов дека милоста Негова е вечна.
4Нека кажат сега сите, кои се бојат од Господ: дека милоста Негова е вечна.
5ⓥКога бев на мака, Го повикав Господа и Тој ме услиши и на ширина ме изведе.
6ⓦГоспод е мој помошник, нема да се плашам: што може да ми направи човек?
7ⓧГоспод ми е помошник: и јас победоносно ќе гледам на непријателите мои.
8ⓨПодобро е да се надевам во Господ, отколку да се надевам во човек.
9Подобро е да се надеваш во Господ, отколку да се надеваш во кнезови.
10ⓩСите народи ме опколија, но со името Господово јас ги разбив;
11ме опседнаа, ме обиколија, но со името Господово јас ги победив.
12Ме опкружија како пчели околу сотка, па се запалија како оган во трње: со името Господово јас им се противставив.
13Ме турнаа силно за да паднам, но Господ ми помогна.
14ⓐГоспод е крепост моја и сила; Тој стана мое спасение.
15ⓑГлас на радост и на спасение се слуша во домовите на праведните; десницата на Господ дава сила!
16Десницата Господова ме возвишува, десницата Господова дава сила.
17ⓒНема да умрам, но ќе живеам и ќе ги разгласувам делата Господови.
18Господ строго ме казни, но на смрт не ме предаде.
19ⓓОтворете ми ја вратата на правдата: ќе влезам во неа, ќе Го прославувам Господа.
20ⓔЕте, тоа е вратата Господова, праведните влегуваат низ неа;
21ќе Те славам, зашто ме услиши и стана спасение мое.
22ⓕКаменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник.
23Тоа е од Господ, и прекрасно е во очите наши.
24Ова е денот што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него.
25ⓖО, Господи, спаси нѐ! О, Господи, побрзај!
26ⓗНека е благословен оној, кој оди во името на Господ! Ве благословуваме од домот Господов.
27ⓘБог е Господ и Тој нѐ осветлува; образувајте празнична придружба до роговите на жртвеникот.
28ⓙБог мој си Ти и Тебе ќе Те славам; Бог мој си Ти и Тебе ќе Те превознесувам.
29Славете Го Господа, зашто Тој е добар, зашто милоста Му е вечна.