1
2
3оние кои не вршат беззаконие, туку одат по Неговите патишта.
4Ти заповеда грижливо да се пазат Твоите заповеди.
5
6Тогаш нема да се засрамам, гледајќи ги сите Твои заповеди.
7
8Ќе ги пазам Твоите заповеди; не оставај ме сосема.
9
10Со сето срце мое Те барам, не дозволувај да застранам од Твоите заповеди.
11
12
13
14По патот на Твоите сведоштва се насладувам како во секое богатство.
15Ќе размислам за Твоите заповеди и ќе ги управувам очите мои на патот Твој.
16
17Покажи милост кон Твојот слуга, и ќе живеам и ќе ги пазам Твоите зборови.
18Отвори ги очите мои, и ќе ги разберам чудесата од Твојот закон.
19
20И копнее душата моја во секое време да ги сака Твоите уредби.
21
22Отстрани го од мене прекорот и презирот, зашто ги пазев Твоите прописи.
23Кнезовите седат и ме клеветат, а Твојот слуга размислува за Твоите повелби.
24Сведоштвата, пак, Твои се поука моја, а наредбите Твои — советници.
25
26Патиштата мои Ти ги кажав, и Ти ме чу; научи ме на Твоите повелби.
27
28Душата моја засолзи од тага, зацврсти ме со зборовите Твои.
29Отстрани го од мене патот на лагата и научи ме на законот Твој.
30Го избрав патот на вистината, и не ги заборавив Твоите судови.
31
32
33
34
35Упати ме на патеката на Твоите заповеди, зашто многу ја засакав.
36
37Сврти ги очите мои за да не гледам суета: оживи ме на Својот пат.
38Во слугата Свој внеси збор Свој за да се бои од Тебе.
39Отстрани го од мене прекорот, од кој се плашам, зашто Твоите уредби се прекрасни.
40Ете, јас копнеам по Твоите правила: Оживеј ме според Својата праведност.
41И нека милоста Твоја, Господи, пријде на мене, и спасението од Тебе според зборовите Твои, —
42
43Не одземај го сосема од устата моја словото на вистината, зашто јас се надевам на Твоите уредби.
44
45
46И ќе зборувам за сведоштвата Твои пред царевите, и нема да се посрамам;
47им се насладувам на Твоите заповеди, кои многу ги засакав;
48
49
50
51Горделивите жестоко ме напаѓаат, но јас не се отстранив од Твоите закони.
52Кога си спомнувам за Твоите уредби од старина, Господи, се утешувам.
53Лутина ме обзема од нечестивите што го напуштаат Твојот закон.
54
55
56
57
58Му се помолив на лицето Твое од сѐ срце: помилуј ме, според словото Твое.
59Размислувам за Твоите патишта и ги свртувам нозете мои кон Твоите уредби.
60Брзам и не се колебам да ги запазам Твоите заповеди.
61Замки од нечестиви ме опкружија, но јас не го заборавив Твојот закон.
62
63Јас сум меѓу оние што се бојат од Тебе и кои ги пазат Твоите правила.
64
65Добрини си му направил, Господи, на Твојот слуга според Твоето слово.
66Научи ме на добро и на разумно, зашто верувам во Твоите заповеди.
67
68
69Се зголеми неправдата од гордите врз мене, но јас од сѐ срце ги пазам Твоите правила.
70
71Добро ми е што бев понижен, за да се научам на Твоите повелби.
72
73
74
75Знам, Господи дека Твоите судови се праведни, и според справедливоста Твоја Ти ме казни.
76Па нека ми биде милоста Твоја утеха, според Твоето слово кон Твојот слуга.
77Нека пријде на мене Твојата штедрост, и јас ќе живеам, зашто законот Твој е утеха моја.
78Нека се посрамат горделивите, зашто неправедно и без вина ме обвинуваат; а јас ќе размислувам за Твоите правила.
79Нека ми се приклонат оние што се плашат од Тебе, за да ги научат Твоите уредби.
80Нека биде срцето мое непорочно во Твоите повелби, та да не се посрамам.
81Копнее душата моја за Твоето спасение; јас се надевам во Твоите зборови.
82
83
84
85
86
87За малку ќе ме убиеја на земјата, но јас не ги оставив Твоите заповеди.
88Според Твојата милост зачувај ми го животот, и јас ќе ги пазам сведоштвата од Твојата уста.
89
90
91Според Твоја волја постојат денес; сѐ што постои, Тебе ти служи.
92Да не беше Твојот закон утеха за мене, јас ќе загинев во неволјата своја.
93Никогаш нема да ги заборавам Твоите правила, зашто преку нив ме оживуваш.
94
95Нечестивите демнат за да ме убијат, но јас пазам на уредбите Твои.
96Го видов крајот на секое совршенство, но Твоите заповеди се безгранични.
97
98
99Станав поразумен од сите учители мои, зашто сведоштвата Твои се моја поука.
100
101Ги задржувам нозете свои од секаков лош пат, за да го пазам словото Твое.
102Од твоите уредби нема да се откажам, зашто Ти ме поучи.
103
104Преку твоите заповеди станав разумен; затоа го замразив секој лажен пат.
105
106Се заколнав и реков дека ќе ги пазам Твоите праведни судови, и ќе ги исполнувам.
107
108
109Животот ми е постојано во опасност, но Твојот закон не го заборавив.
110Нечестивите ми поставија замка, но јас не се отстранив од Твоите заповеди.
111
112Го натерав срцето свое да ги извршува повелбите Твои, секогаш и до крај.
113Оние со дволично срце ги замразив, но Твојот закон го сакам.
114
115
116Поддржи ме според Твоето слово, и јас ќе живеам; не посрамувај ме во надежта моја;
117помогни ми, и ќе се спасам: и Твоите повелби постојано ќе ги пазам.
118Ти ги презираш оние, кои отстапуваат од Твоите повелби, зашто нивните мисли се неправедни.
119
120
121Го правев она што е право и праведно; не предавај ме на моите угнетувачи.
122Заложи се за доброто на Својот слуга, та да не ме сотрат горделивите.
123Очите ми копнеат, очекувајќи го спасението од Тебе, и словото на Твојата правда.
124Постапи со Твојот слуга според милоста Своја и научи ме на Твоите повелби.
125
126
127Затоа ги засакав заповедите Твои и од топаз и од злато повеќе.
128Затоа се управував според сите Твои заповеди и лажниот пат го замразив.
129Прекрасни се Твоите сведоштва: затоа душата моја ги запазува.
130
131Со отворена уста копнеам, зашто жеден сум за Твоите заповеди.
132
133Управувај ги стапките мои според Твоето слово и не допуштај со мене да овладее никакво беззаконие.
134
135
136
137
138Твоите сведоштва, што си ги дал, се засновани на правда и целосна вистина.
139
140
141Мал сум и презрен, но Твоите правила не ги заборавив.
142Твојата праведност е вечна праведност, и Твојот закон е вистина.
143Скрб и мака ме обзедоа; Твоите заповеди се моето уживање.
144Твоите уредби се праведни довека; вразуми ме, и ќе живеам.
145Те повикувам со сето срце мое, услиши ме, Господи, — и ќе ги пазам повелбите Твои.
146Тебе Те повикувам: спаси ме, за да ги пазам Твоите уредби.
147
148
149Чуј го мојот глас, според милоста Своја, Господи; според Твојата правда, зачувај ме во живот.
150Се приближија оние што ме прогонуваат со зла намера; од законот Твој тие се оддалечија.
151
152
153Погледај на мојата потиштеност и избави ме, зашто не го заборавив Твојот закон.
154
155Далеку е спасението од нечестивите, зашто тие не ги бараат Твоите повелби.
156
157Многумина ме гонеа и мачеа, но од Твоите уредби јас не отстапив.
158
159Погледни како ги сакам заповедите Твои, запази ми го животот, Господи, поради Твојата милост.
160
161Кнезовите ме гонат без вина, но срцето мое се плаши само од Твоите зборови.
162
163Ја замразив неправдата и се гнасам од неа; а Твојот закон го сакам.
164Седумпати на ден Те прославувам за Твоите праведни одредби.
165
166Го чекам спасението од Тебе, Господи, и Твоите заповеди ги извршувам.
167Душата моја ги пази Твоите уредби, и јас многу ги засакав.
168
169Нека допре до Тебе молбата моја, Господи; вразуми ме според Твоите зборови.
170
171Од устата моја нека се произнесе похвала, кога ќе ме научиш на Твоите повелби.
172
173Нека ми биде Твојата рака на спасение, зашто Твоите заповеди ги избрав.
174Копнеам, Господи, за спасение од Тебе и Твојот закон е мојата наслада.
175
176