1Помагај, Господи, зашто не остана побожен, ги снема верните меѓу синовите човечки!
2ⓔЛага му кажува секој на ближниот свој; од дволично срце устите зборуваат лага.
3ⓕНека ги истреби Господ сите лажливи усти и секој јазик што се возвеличува;
4оние што зборуваат: „Јазикот е наша сила; устата ни е со нас; кој е господар над нас?“
5ⓖ„Заради страдањата на сиромасите и лелекот на бедните ќе се кренам сега, вели Господ, ќе му донесам спас на оној што копнее по него.“
6ⓗЗборовите на Господ се зборови чисти, сребро во оган исчистено од земја, седумпати пречистено.
7ⓘТи, Господи, ќе нѐ одбраниш и ќе нѐ запазиш од овој род довека.
8Нечестивите одат наоколу додека ниските работи се возвишуваат меѓу луѓето.