1ⓡГи кренав очите кон горите; од каде помош ќе ми пристигне?
2ⓢМојата помош е од Господ, Кој ги создаде небото и Земјата.
3ⓣТој нема да дозволи да се помести ногата твоја; нема да задреме Оној, Кој те пази;
4не дреме и не спие Оној, Кој го пази Израел.
5ⓤГоспод е Твој чувар; Господ е твоја закрила од кај твојата десна рака.
6Сонцето дење нема да те гори, ниту месечината ноќе ќе ти штети.
7ⓥГоспод ќе те запази од секакво зло и ќе ја чува душата твоја.
8ⓦГоспод ќе го пази излегувањето твое и влегувањето твое отсега и довека.