Псалми 123:1-4 MKDB2006 - Bible AI

1Ги кревам очите мои кон Тебе, Кој царуваш на небесата.

2Ете, како што се очите на слугите свртени кон рацете на господарите ни­в­ни, како очите на слугинката — кон ра­ката на господарката нејзина, така и нашите очи гледаат кон Господ, нашиот Бог, сѐ додека не се смилува.

3Смилувај се на нас, Господи, сми­лувај се, зашто многу сме понижени со презир;

4зашто се преполни душата наша од надменоста на дрските и од презирот на горделивите.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>