Псалми 124:1-8 MKDB2006 - Bible AI

1Да не беше Господ со нас, — нека ка­же Израел, —

2да не беше Господ со нас, кога луѓе­то се кренаа против нас, —

3живи ќе нѐ проголтаа, кога пламна нивната јарост против нас;

4вода ќе нѐ потопеше, поток ќе го однесеше животот наш;

5бурна вода ќе ја однесеше нашата душа.

6Нека е благословен Господ, Кој не нѐ предаде во плен на нивните заби.

7Душата наша се избави како птица од примка на ловци: примката се скина, а ние се избавивме.

8Помошта наша е во името на Гос­под, Кој ги создаде небото и Земјата.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>