1ⓟКои се надеваат во Господ, тие се како гората Сион: нема да се поколеба, ќе живее вечно.
2ⓠОколу Ерусалим има гори, а Господ е околу Својот народ отсега и засекогаш.
3ⓡЗашто Господ нема да го остави жезлото на грешниците врз земјата на праведните, за да не ги посегаат праведниците рацете свои кон беззаконие.
4ⓢГосподи, направи им добро на добрите и на оние со чисто срце.
5ⓣА оние што свртуваат кон крив пат, нив Господ ќе ги одведе со оние што вршат беззаконие. Мир на Израел!