Псалми 126:1-6 MKDB2006 - Bible AI

1Кога Господ ги врати сионските заробеници, ние бевме како во сон;

2тогаш устата ни се исполни со ра­дост, и јазикот наш — со весела песна; тогаш меѓу незнабошците се говореше: „Големи дела изврши Господ над нив!“

3Големи дела изврши Господ на нас: ние се развеселивме.

4Врати ги, Господи заробените наши, како потоците во Негев.

5Оние што сеат со солзи, нека жне­ат со голема радост.

6Одеа и плачеа оние што носеа свое семе; но со радост ќе се вратат, носејќи ги своите снопја.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>