Псалми 127:1-5 MKDB2006 - Bible AI

1Ако Господ не ја изѕида куќата, за­лудо ќе се трудат градителите неј­зини; ако Господ не го запази градот, залудо ќе бдее стражата.

2Залудно вие станувате рано, доцна легнувате и го јадете лебот уморни; на оние кои Тој ги сака ним им дава сон.

3Ете, наследството Господово се си­новите, дар од Него е породот.

4Она што се стрелите во раката на силниот, тоа се младите синови.

5Блажен е оној човек, кому му е ис­полнет тегарчикот со нив! Тие нема да се засрамат, кога ќе се препираат со непријателите нивни пред портите.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>