Псалми 128:1-6 MKDB2006 - Bible AI

1Блажени се оние, кои се бојат од Господ, кои одат по Неговите па­тишта!

2Ќе јадеш од плодовите на рацете свои: блазе тебе и добро ќе живееш.

3Жената во домот твој ќе биде како лоза плодовита, синовите твои — како новонасадени маслини околу трпезата твоја.

4Ете, така ќе биде благословен оној човек кој се бои од Господ.

5Господ ќе ги благослови од Сион; и ти ќе ги гледаш добрата ерусалимски во сите дни на твојот живот;

6и ќе ги видиш синовите на сино­вите твои. Мир нека е на Израел!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>