Псалми 129:1-8 MKDB2006 - Bible AI

1ⓗЧестопати тие ме напаѓаа уште од младоста моја — нека каже Израел.

2ⓘЧестопати тие ме напаѓаа од младоста моја, но не ме совладаа.

3ⓙНа плешките мои орачи ораа, долги бразди повлекуваа.

4Но Господ праведен ги расече јажињата на нечестивите.

5ⓚНека се засрамат и нека се свртат назад сите, кои го мразат Сион!

6ⓛНека бидат како тревата на покрив, која се исушува пред да израсне,

7со која жетварот нема да ја исполни раката своја, ни прегратката своја оној што ја врзува во снопови!

8ⓜА минувачите да не викаат: „Благо­слов Господов на вас; ве благословуваме во името на Господ!“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>