1ⓝОд длабочините викам кон Тебе, Господи.
2ⓞГосподи, чуј го гласот мој. Ушите Твои нека го чујат гласот на молењето мое, —
3ⓟГосподи, ако гледаш на беззаконијата, — тогаш кој ќе се одржи, Господи?
4ⓠНо во Тебе има простување, за да Те почитуваат.
5ⓡЗаради името Твое, Господи, чекав долго на Тебе, чекаше душата моја на Твојот збор;
6ⓢдушата моја Го чека Господа: Од утрената стража па до ноќната, од утрената стража нека се надева Израел на Господ.
7ⓣЗашто милоста е во Господ и голем е откупот во Него.
8ⓤИ Тој ќе го избави Израел од сите негови беззаконија.