1ⓥГосподи, срцето мое не се вознесува, ниту очите мои се креваат високо; не копнеам по големи работи ниту по она што е над моите сили.
2ⓦНо ја скротив и ја успокоив душата моја како дете кон мајката своја; душата во мене е како кај доенче.
3ⓧНека се надева Израел на Господ отсега и довека.