Псалми 135:1-21 MKDB2006 - Bible AI

1Алилуја! Фалете го името Госпо­дово, фалете го, слуги Господови,

2вие кои стоите во домот Господов, во дворовите од домот на нашиот Бог.

3Фалете Го Господа, зашто Господ е добар; пејте Му на името Негово, зашто тоа е мило;

4зашто Господ го избра Јаков за Себе, Израел за Свој сопствен посед.

5Бидејќи знам дека Господ е велик и дека нашиот Господ е над сите богови:

6Господ прави сѐ што ќе посака, на небото и на Земјата, во морињата и во сите бездни;

7доведувајќи облаци од краиштата на земјата, молњи при дожд создаде, Тој, Кој ги изведува ветровите од скровиш­тата нивни,

8Оној, Кој ги порази првородените во Египет од човек до добиток,

9покажа знаци и чудеса среде тебе, Египте, на фараонот и врз сите слуги негови,

10порази многу народи и истреби сил­ни цареви:

11Сихон, царот аморејски, и Ог, царот башански, и сите цареви ханански;

12и му ја даде нивната земја во на­с­ледство на Својот народ Израел.

13Господи, името Твое е вечно; Гос­поди, споменот за Тебе е од род во род.

14Зашто Господ ќе го штити Својот народ и ќе биде милостив над слугите Свои.

15Идолите на незнабошците се сребро и злато, дело на раце човечки;

16имаат уста, но не говорат; имаат очи, но не гледаат;

17имаат уши, но не слушаат ниту, пак, во устата нивна има здив.

18Слични на нив ќе бидат и оние, кои ги прават, и секој кој на нив се надева.

19Доме Израелов, благословувај Го Господа! Доме Аронов, благословувај Го Господа!

20Доме Левиев, благословувај Го Гос­пода! И вие, кои се боите од Господ, благословувајте Го Господа!

21Нека е благословен Господ од Сион, Кој живее во Ерусалим!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>