Псалми 136:1-26 MKDB2006 - Bible AI

1ⓕСлавете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова.

2ⓖСлавете Го Бог на боговите, зашто е вечна милоста Негова.

3Славете Го Господа над господа­рите, зашто е вечна милоста Негова,

4Единиот Кој прави големи чудеса, зашто е вечна милоста Негова;

5ⓗКој премудро го создаде небото, за­што е вечна милоста Негова;

6ⓘКој ја утврди Земјата врз водите, зашто е вечна милоста Негова;

7ⓙЕдиниот Кој ги создаде големите светила, зашто е вечна милоста Не­гова;

8сонцето — да управува со денот, за­што е вечна милоста Негова;

9месечината и ѕвездите — да управуваат со ноќта, зашто е вечна милоста Негова.

10ⓚКој го порази Египет и првороде­ните негови, зашто е вечна милоста Негова;

11ⓛКој го изведе Израел од средината нивна, зашто е вечна милоста Негова;

12со цврста рака и подигната мишка, зашто е вечна милоста Негова;

13ⓜКој го раздвои Црвеното Море, за­што е вечна милоста Негова;

14и го преведе Израел среде него, зашто е вечна милоста Негова;

15ⓝа фараонот и војската негова ги фрли во Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова.

16ⓞКој го преведе Својот народ преку пустината, зашто е вечна милоста Негова;

17ⓟКој порази големи цареви, зашто е вечна милоста Негова;

18и ги погуби силните цареви, зашто е вечна милоста Негова;

19ⓠСихон, царот аморејски, зашто е вечна милоста Негова;

20и Ог, царот башански, зашто е вечна милоста Негова;

21и му ја даде земјата во наследство, зашто е вечна милоста Негова;

22во наследство на Својот слуга, Израел, зашто е вечна милоста Негова;

23Кој се сеќава на нас во нашето по­нижување, зашто е вечна милоста Не­гова;

24и нѐ избавува од непријателите наши, зашто е вечна милоста Негова;

25ⓡи Кој дава храна на секоја плот, зашто е вечна милоста Негова.

26Славете Го небесниот Бог, зашто е вечна милоста Негова.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>