Псалми 137:1-9 MKDB2006 - Bible AI

1Крај реките вавилонски — таму се­девме и плачевме, кога ќе се сетевме на Сион;

2на врбите, среде Вавилон, ги зака­чивме нашите харфи.

3Зашто таму, оние што нѐ заробија и кои нѐ одведоа, побараа од нас радосна песна, велејќи ни: „Пејте ни од песните сионски!“

4Како да запееме Господова песна на туѓа земја?

5Ако те заборавам тебе, Ерусалиме, — нека ме заборави мојата десница,

6нека се залепи јазикот мој за непцето мое, ако не те помнам, ако не го пос­тавам Ерусалим над секоја моја радост.

7Сети се, Господи, на синовите Едомови, во денот на Ерусалим, кога тие говореа: „Разрушете, разрушете го до темелите негови!“

8Ќерко вавилонска, опустошителко, блажен е оној, што ќе ти врати за делото што ни го направи!

9Блажен е оној што ќе ги заграби и ќе ги разбие од камен децата твои.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>