1ⓩЌе Те славам Тебе, Господи, со сето срце свое и ќе Ти пеам пред ангелите Твои, зашто ги слушна сите зборови на устата моја.
2ⓐСе поклонувам пред светиот Твој храм и го славам името Твое за милоста Твоја и за верноста Твоја, зашто го возвеличи името Свое свето над сѐ.
3Во оној ден кога ќе Те повикам, услиши ме брзо, внеси бодрост во душата моја.
4ⓑЌе Те прославуваат, Господи, сите земни цареви, штом ќе ги чујат зборовите од Твојата уста,
5и ќе воспеваат за патиштата Господови, зашто е голема славата Господова.
6ⓒЗашто возвишен е Господ: и понизниот го гледа, а горделивиот оддалеку го познава.
7ⓓКога ќе се најдам во неволји — Ти живот ми даваш, ја пружаш раката и Твојата десница ме спасува.
8ⓔГоспод ќе направи што е добро за мене! Твојата милост, Господи, е вечна; делата на рацете Свои не оставај ги!