Псалми 14:1-7 MKDB2006 - Bible AI

1Рече безумниот во срцето свое: „Нема Бог.“ Се развратија луѓето, вр­шат гнасни дела, нема кој да прави добро.

2Господ погледна од небесата со внимание кон синовите човечки, за да види, има ли некој разумен, кој Го бара Бога.

3Сите застранија, сите станаа лоши, нема кој да прави добро, нема ниту еден.

4Зар нема да се вразумат сите зло­сторници, кои така го јадат народот Мој, како што јадат леб, и кои не Го повикуваат Господа?

5Таму тие ќе се тресат од страв, каде што нема страв, зашто Господ е со ро­дот на праведните.

6Вие ги осуетувате намерите на сиромашниот, но Господ е негово прибе­жиште.

7Ах да дојде од Сион спасение на Израел! Кога Господ ќе ги обнови благословите над Својот народ, тогаш ќе се зарадува Јаков, и ќе се развесели Израел.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>