Псалми 140:1-13 MKDB2006 - Bible AI

1Спаси ме, Господи, од злобен човек и избави ме од насилници;

2тие смислија зло во срцето свое, се­кој ден зачнуваат војни;

3ги изострија јазиците свои како зми­ја; под устите им е аспидин отров.

4Запази, ме, Господи, од рацете на нечестив човек. Избави ме од луѓе на­силници, кои смислија да ми подметнат нога.

5Горделивите тајно поставија ста­пица, и распнаа примки од јажиња за мене; на патот ми поставија примка.

6Јас Му реков на Господ: Ти си Бог мој: слушни го, Господи, гласот на мое­то молење.

7Господи, Господи, сило на моето спасение! Ти, Кој во денот на битката ја засолни главата моја,

8не давај, Господи, да му се исполни желбата на нечестивиот; не давај да постигнат, што намислија за да не се возгордеат.

9Главата своја да не ја подигнат оние што ме опколија; нека падне врз нив злобата на нивната сопствена уста.

10Нека паднат врз нив жарени јаглења; да бидат фрлени во јама, па да не станат.

11Клеветникот нема да се одржи на земјава; злото ќе го одвлече неправедниот човек во погибел.

12Знам дека Господ ќе покаже правда за угнетените и милост за сиромасите.

13Да, праведниците ќе го испове­даат името Твое, и непорочните ќе се населат пред лицето Твое.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>