1Со гласот свој викам кон Господ, со гласот свој Му се молам на Господ.
2ⓕЌе го излијам пред Него молењето мое: маката моја пред Него ќе ја кажам.
3Ако изнемошти духот мој, Ти ја знаеш мојата патека, на патот, по кој одев, тие скришно примки ми поставија.
4ⓖСе обѕирав надесно и гледав, а таму никој кој ме познава: нема каде да избегам; никој не се грижи за душата моја.
5Повикав кон тебе, Господи, и реков: „Ти си мојата надеж и мој дел во земјата на живите.
6ⓗПрими ја молитвата моја, зашто многу сум понижен; избави ме од моите гонители, зашто тие се посилни од мене.
7ⓘИзведи ја од темнина душата моја, за да го прославувам името Твое. Околу мене ќе се соберат праведните, зашто Ти ќе постапиш добро со мене.“