Псалми 143:1-12 MKDB2006 - Bible AI

1Господи, слушни ја молитвата мо­ја, чуј го молењето мое поради Твојата верност; услиши ме според Твојата праведност

2и не стапувај во суд со Твојот слуга, зашто пред Тебе нема да се оправда ниту еден од живите.

3Непријателот ја прогонува душата моја, го скршил животот мој дури до земјата, ме остави во темнина како оние кои се одамна умрени;

4опадна духот мој во мене, се скамени во мене срцето мое.

5Се сеќавам на дамнешните дни и размислувам за сите Твои дела, расудувам за делата на Твоите раце.

6Ги протегнав кон Тебе рацете мои, душата моја е жедна за Тебе како сува земја.

7Услиши ме, поскоро, Господи: духот мој премале; не одвраќај го лицето Свое од мене, за да не заприлегам на оние, што слегуваат во гроб.

8Соопшти ми ја рано милоста Твоја, зашто во Тебе се надевам, Господи. Покажи ми го, Господи, патот по кој да одам, зашто кон Тебе ја издигам душата своја.

9Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто кај Тебе прибегнав.

10Научи ме да ја исполнувам волјата Твоја, зашто Ти си мојот Бог. Твојот благ дух нека ме води по прав пат.

11Заради Твоето име, Господи, зачу­вај ми го животот; поради Твоја­та праведност — избави ја од неволја душа­та моја.

12Според милоста Твоја истреби ги непријателите мои и погуби ги сите, кои ја измачуваат душата моја, зашто јас сум слуга Твој.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>