1ⓗЌе Те превознесувам, Боже мој, царе мој, и ќе го благословувам името Твое сега, секогаш и во сите векови.
2ⓘСекој ден ќе Те благословувам и ќе го фалам името Твое сега, секогаш и во сите векови.
3ⓙВелик е Господ и достоен за голема похвала и величието Негово нема крај.
4ⓚОд род во род ќе се фалат делата Твои и за силата Твоја ќе се прикажува.
5За велелепната слава на Твојата светост ќе зборуваат и за Твоите чудеса ќе известуваат.
6Ќе говорат и за силата на Твоите страшни дела, и ќе прикажуваат и за Твоето величие.
7Ќе ја воспеваат славата на Твојата изобилна добрина, и ќе се радуваат на Твојата праведност.
8ⓛШтедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив.
9ⓜДобар е Господ спрема сите, и Неговите милости се во сите Негови дела.
10ⓝНека Те прославуваат, Господи, сите Твои дела, и нека Те благословуваат светиите Твои,
11ⓞи нека ја проповедаат славата на Твоето царство, а да прикажуваат и за силата Твоја.
12За да им се кажува на синовите човечки, за Твојата сила и за велелепната слава на Твоето царство.
13ⓟТвоето царство е царство на сите векови, а владеењето Твое над сите поколенија; верен е Господ во сите Свои зборови и свет во сите Свои дела.
14ⓠГоспод ги придржува сите што паѓаат и ги подига свитканите.
15ⓡОчите на сите се управени кон Тебе, и Ти им ја даваш нивната храна навреме;
16Ти ја отвораш раката Твоја и исполнуваш сѐ што е живо со сите негови потреби.
17ⓢПраведен е Господ во сите Свои патишта и свет во сите Свои дела.
18ⓣБлизу е Господ до сите, кои Го повикуваат, до сите, кои вистински Го призиваат.
19ⓤТој им ја исполнува желбата на оние, кои се бојат од Него, ги услишува молитвите нивни, и ги спасува.
20ⓥГоспод ги пази сите кои Го сакаат, а сите грешници ќе ги истреби.
21Устата моја ќе Му искаже похвала на Господ; секое тело ќе го благословува името свето, сега, секогаш и во сите векови.