1ⓕФалете Го Господа, зашто е добро да Му се пее на нашиот Бог, зашто на Добриот Му прилега похвала.
2ⓖГоспод го гради Ерусалим и ќе ги собере расеаните синови на Израел.
3ⓗТој ги исцелува скршените по срце и ги преврзува раните нивни.
4ⓘГо определува бројот на ѕвездите и на сите им дава име.
5ⓙВелик е Господ наш и голема е силата Негова, а разумот Негов — неизмерлив е.
6ⓚГоспод ги подига понижените, а грешниците ги понижува до земја.
7Пејте Му секогаш славословија на Господ: на лира пејте Му на нашиот Бог,
8ⓛКој го покрива небото со облаци, подготвува дожд за земјата, прави да расте трева по горите и растенијата за полза на човекот,
9ⓜна добитокот му ја дава храната негова и на малите врани кога гракаат.
10ⓝНа коњската сила не гледа Тој, ниту Му е мила брзината на човечките нозе.
11Господ ги почитува оние, кои се бојат од Него и кои се надеваат во Неговата милост.
12Слави Го, Ерусалиме, Господа; пофали Го, Сионе, твојот Бог.
13ⓞТој ги зацврсти резињата на вратите твои, ги благословува твоите синови во Тебе;
14го утврдува мирот во Твоите предели, со јадра пченица те заситува;
15ⓟго испраќа на земјата Своето слово; Неговиот збор брзо оди;
16дава снег како волна; сипува мраз како пепел;
17ⓠфрла град Свој како залаци; пред Неговиот мраз кој може да устои?
18Ќе го испрати Својот збор, и сѐ се растопува; ќе дувне со ветрот Свој, и води потекуваат.
19ⓡТој му го објави словото Свое на Јаков, Своите повелби и Своите уредби — на Израел.
20ⓢЗа никој друг народ Тој не го направил тоа, и Своите судови ним не им ги јавил.