1ⓒАлилуја! Запејте Му на Господ нова песна; похвала за Него да се чуе во храмот на светиите.
2Нека се весели Израел на Својот Создател; а синовите на Сион нека се радуваат на својот Цар.
3ⓓНека го фалат името Негово во оро, со тимпани и со лири нека Го слават,
4ⓔзашто Господ го сака Својот народ и ќе ги возвиши кротките, спасувајќи ги.
5Ќе се развеселат светиите во слава, ќе се зарадуваат врз леглата свои.
6ⓕСлавословија за Бога ќе има во устите нивни и двоостер меч — во рацете нивни,
7ⓖза да извршат одмазда над народите, за казна над племињата,
8да ги врзат во верига царевите нивни и нивните властелини — со железни окови на рацете;
9да го извршат над нив напишаниот суд. Тоа ќе биде славата за сите Негови светии.