Псалми 16:1-11 MKDB2006 - Bible AI

1Закрили ме Боже, зашто кај Тебе се засолнувам.

2Му реков на Јахве: „Ти си Господ мој: без Тебе, нема блаженства за мене.“

3По светиите, кои се на земјата — вистинските благородници — со радост копнеам.

4Оние што следат туѓи богови, ги намножуваат своите страдања; јас нема да ги принесувам нивните кр­вави преливи и со устата своја нема да ги спомнам нивните имиња.

5Господ е дел на моето наследство и од чашата моја. Ти си Оној Кој го држи в раце наследството мое.

6Меѓите ми паднаа на најубавото; зашто наследството ми е најубаво.

7Ќе Го благословувам Господа, Кој ме вразумува; па дури и ноќе ме учи мојот внатрешен глас.

8Секогаш пред очи ми е Господ, зашто Тој е од мојата десна страна, за да не се поколебам.

9Заради тоа се радува срцето мое, и воскликнува јазикот мој; па дури и телото мое спокојно почива,

10зашто Ти нема да ми ја оставиш душата моја во пеколот, ниту, пак, светецот Твој да види распаѓање.

11Ти ми го покажа патот на животот; полнота од радост има пред Твоето присуство; вечно блаженство е во Твојата десница.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>