1Те љубам, Господи, крепост моја!
2
3Ќе Го призовувам Господа, достоен за слава и ќе се спасам од непријателите свои.
4
5пеколни мрежи ме заробија, смртни стапици ме стегнаа.
6Во мојот очај Го повикав Господа и кон мојот Бог извикав. И Тој од Својот свет храм го чу гласот мој, и мојот вик стигна до Неговото уво.
7
8се крена дим од Неговите носници и од устата Негова пламна оган, кој проголтува сѐ; вжарени јаглења отскокаа од Него.
9
10
11
12Од молскање бегаа од Него облаците, градот и огнените јаглења.
13
14
15
16Тој посегна од висините, и ме прифати, па ме извлече од многуте води.
17
18Тие се кренаа против мене во денот на мојата несреќа, но Господ беше потпора моја.
19Ме изведе Тој на пространо место и ме избави, зашто ме засака.
20Ме награди Господ според мојата правда, и според чистотата на моите раце ми врати,
21зашто ги запазив патиштата на Господ и не се оддалечив од мојот Бог;
22зашто сите заповеди Негови се пред мене, и наредбите Негови не ги отстранив од себе.
23Бев непорочен пред Него и се пазев од беззаконија.
24И ми даде Господ според мојата правда, и по чистотата на рацете мои пред очите Негови.
25Со светиите Ти постапуваш свето, со невин човек — си благ,
26со чистиот — чисто, а со лукавиот — според неговото лукавство,
27зашто Ти ги спасуваш угнетените, а горделивите ќе ги понизиш.
28Зашто Ти го осветлуваш моето светило, Господи; мојот Бог ја осветлува темнината моја.
29Со Тебе и чети совладувам, со мојот Бог и ѕид ќе прескокнам.
30
31
32Бог е Оној Кој ме препашува со сила и патот ми го расчистува.
33
34
35Ти ми даде заштита за моето спасение, Твојата десница ме прифати; Твојата поддршка ме издигна.
36Ми даваш сигурност за чекорите мои, и нозете мои не се подлизнуваат.
37Ги гонев непријателите мои и ги стигнав, и не се вратив, додека не ги победив;
38ги притиснав, и тие не можеа да станат, паднаа под нозете мои,
39зашто Ти ме препаша со сила за борба и ги собори пред мене оние, што станаа против мене;
40Ти ги натера во бегство непријателите мои, и ги истребив сите оние, што ме мразат;
41тие повикаа, но немаше кој да ги спаси: и кон Господ, — но Тој не ги чу.
42Ги иситнив како прав на ветар, ги згазив како кал по патиштата.
43
44тие и мојот шепот го слушаат, туѓинците ми се покоруваат;
45
46
47
48Избавител од моите гневни непријатели! Ти ме возвиси над оние, што стануваат против мене, и ме избави од насилникот.
49
50Ти Кој му даваш величествени победи на царот Свој и му правиш милост на Твојот помазаник Давид и на потомството негово — довека.