1Небесата ја објавуваат Божјата слава, а за делата на рацете Негови известува сводот небесен.
2
3Нема јазик, ниту, пак говор, во кој не се слуша нивниот глас.
4Сепак, нивниот звук се разнесува по целата земја, а нивните зборови до краиштата на светот. На небото му постави шатор на сонцето, кое
5
6Од крајот на небесата е излезот негов, и патувањето негово до другиот крај; ништо не е сокриено од топлината негова.
7Непорочен е законот Божји — душите ги укрепува; верно е откровението на Господ — ги учи неуките,
8и Господовите повелби се праведни — го веселат срцето; Господовата заповед зрачи светлина; ги просветлува очите.
9Страхопочитта кон Господ е чиста — пребива довека; судовите Господови се вистина — сите се праведни;
10
11
12Кој може да ги согледа своите грешки? И од оние тајни гревови очисти ме,
13и од горделивост запази го слугата Твој, за да не овладее со мене. Тогаш јас ќе бидам непорочен и ќе бидам очистен од големите престапи.
14Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благоугодни пред Тебе, Господи, Карпо моја и избавителе мој!