Псалми 20:1-9 MKDB2006 - Bible AI

1Нека те слушне Господ во тежок ден, да те заштити името на Бог Јако­вов.

2Да ти испрати помош од свети­лиштето и од Сион да те поткрепи.

3Нека си спомне за секоја твоја жрт­ва; и сепалениците твои да бидат примени.

4Да ти го даде Господ и она што ти срце сака; и сите твои помисли да ги исполни.

5Ќе се зарадуваме на твоето спасение и во името на нашиот Бог ќе ги подиг­неме нашите знамиња. Да ги исполни Господ сите твои молби.

6Сега знам дека Господ ќе му помогне на Својот помазаник, ќе го ус­лиши од светите Свои небеса, со силата на Неговата победоносна десница.

7Едни — со коли, други — со коњи, а ние со името на Господ, нашиот Бог, се фалиме:

8тие ќе се препнат и ќе паднат, а ние ќе се кренеме и ќе стоиме прави.

9Господи, дај му победа на царот и слушни нѐ кога Ти се молиме!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>