Псалми 21:1-13 MKDB2006 - Bible AI

1Господи, со Твојата сила се весели царот и за спасението од Тебе безмерно се радува!

2Ти му даде, она што срцето негово посака, и молбата на устата негова не ја отфрли,

3зашто Ти го пресретна со добри благослови, му стави на главата круна со скапоцени камења.

4Тој побара од Тебе живот, а Ти му даде долг живот во векови.

5Голема е славата негова поради по­мошта од Тебе; Ти го покри со чест и величие.

6Ти положи на него вечен бла­гослов, развеселувајќи го со радоста на лицето Твое,

7зашто царот се надева на Господ и поради милоста на Севишниот нема да потклекне.

8Раката Твоја ќе ги најде сите Твои непријатели, десницата Твоја ќе ги најде сите што Те мразат.

9Кога ќе се појавиш, ќе ги напра­виш како огнена печка; гневот Господ­ов ќе ги погуби, и оган ќе ги проголта.

10Ти ќе го уништиш плодот нивни од Земјата, и семето нивно — меѓу човеч­ките синови.

11Ако смислат против Тебе зло и се договораат, — не ќе можат ништо да направат.

12Ти ќе ги натераш во бегство, а од Твоите лакови ќе пуштиш стрели во лицето нивно.

13Издигни се, Господи, со Твојата си­ла! Ние ќе ја воспеваме и ќе ја про­славуваме Твојата моќ.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>