Псалми 22:1-31 MKDB2006 - Bible AI

1Боже мој, Боже мој, зошто ме ос­тави? Зошто си далеку за да ми помог­неш, за да ги чуеш моите повици?

2Боже мој! Те призивам дење — и Ти не слушаш, и ноќе — и нема мир за мене.

3Сепак, Ти си свет, опкружен со пофалби од Израел.

4На Тебе се надеваа татковците наши; се надеваа и Ти ги избави;

5кон Тебе викаа, и се спасуваа; на Тебе се надеваа, и не се посрамија.

6А јас сум црв, а не човек, потсмев за луѓето и презир во народот.

7Сите, што ме гледаат, ми се подбиваат; нишајќи ги главите, велат:

8„Тој се надеваше на Господ, нека го избави, нека го спаси, ако Му е угоден!“

9Но Ти ме изведе од утробата, ме успокои на мајчините гради.

10Кон Тебе сум приврзан уште од зачнувањето мое; од утробата на мајката моја Ти си мој Бог.

11Не оддалечувај се од мене, зашто неволјата е близу, а нема кој да ми помогне.

12Многу јунци ме обиколија, дебели јунци ме опкружија,

13ја отворија устата против мене како лав, кој го раскинува својот плен и рика.

14Јас се разлеав како вода; сите мои коски се разглобија, срцето мое стана како восок, се топи во моите гради.

15Силата моја се исуши како цреп, јазикот ми се залепи за непцата, во смртоносен прав ме фрли.

16Глутница кучиња ме опколија, цела чета од злочинци се врти околу мене; ми ги прободоа рацете и нозете.

17Можам да си ги пребројам сите коски мои, а тие гледаа и ме презираа;

18ги разделија меѓу себе алиштата мои, за облеката моја фрлија ждрепка.

19Но Ти, Господи, не оддалечувај се од мене! Сило моја, побрзај ми на помош!

20Избави ја од меч душата моја, и од пците еднородната моја.

21Запази ме од устите лавовски и од роговите биволски спаси ме.

22Ќе го објавувам името Твое на бра­ќата и сестрите свои, сред собра­нието ќе Те фалам.

23Вие, што имате страхопочит кон Господ, восфалете Го! Целото семе Јаковово нека Го прославува; нека се бои од Него целото семе Израелово,

24зашто Тој не ја презре маката на страдалникот, не го сокри лицето Свое од мене, а ме послуша кога Те повикав.

25За Тебе е похвалата моја во ве­ликото собрание; ќе ги исполнам ве­тувањата свои пред оние што имаат страхопочит кон Него.

26Ќе јадат сиромасите и ќе се најадат, ќе Го фалат Господа оние што Го бараат; нека живеат срцата ваши довека!

27Ќе се сетат и ќе се обратат кон Господ сите земни краишта, и ќе се поклонат пред Тебе сите племиња на народите,

28зашто царството е Господово, и Тој е владетел над народите.

29Нему ќе Му се поклонат сите заспани во земјата; пред него ќе паднат сите што слегуваат во земјата. А ду­шата моја ќе живее за Него.

30Потомството мое ќе Му служи, за Господ ќе им се проповеда на идните родови;

31за избавувањето од Него ќе им се соопштува на луѓето, што ќе се родат, зашто сето тоа Господ го изврши.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>