Псалми 24:1-10 MKDB2006 - Bible AI

1Господова е земјата и сѐ што ја ис­полнува, вселената и оние што живеат во неа,

2зашто Тој ја основа врз морињата, и на реки ја утврди.

3Кој може да излезе на гората Гос­подова и кој ќе застане на Неговото свето место?

4Оној, чии раце се невини и чие срце е чисто, кој не си ја продава ду­шата своја на лажни работи и не се заколнува лажно.

5Тој ќе добие благослов од Господ и награда од Бога, Својот Спасител.

6Таков е родот на оние што Го ба­раат Него, кои Го бараат Бог Јаковов!

7Подигнете ги, порти, главите свои, бидете подигнати вие, вечни врати, за да влезе Царот на славата!

8Кој е тој Цар на славата? — Креп­киот и силниот Господ, силниот во војна Господ.

9Подигнете ги, порти, главите свои, бидете подготвени вие, вечни врати, за да влезе Царот на славата!

10Кој е Царот на славата? — Господ над војските — Тој е Цар на славата!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>