Псалми 26:1-12 MKDB2006 - Bible AI

1Оправдај ме, Господи, бидејќи одев непорочно и непоколебливо верував во Господ.

2Искушај ме, Господи, испитај ме; отвори ги утробата моја и моето срце.

3Твојата милост е пред очите мои, а јас одам во Твојата вистина,

4со луѓе суетни не седам и со пре­стапници на законот Твој не се дружам;

5го намразив друштвото на злонамерните; со нечестивите нема да седнам;

6ги мијам рацете свои во невиноста и го обиколувам жртвеникот Твој, Гос­поди,

7за да ја разгласувам похвалата Твоја и да ги раскажувам сите Твои чудесни дела.

8Господи, го возљубив домот, во кој престојуваш и местото каде што пребива славата Твоја.

9Не погубувај ја душата моја со грешници и животот мој со крвопијци,

10во чии раце има злочини, чија дес­ница е полна со поткупи.

11Јас, пак, одам во својата непороч­ност, избави ме, Господи, и помилуј ме.

12Ногата моја стои на прав пат, во собранијата ќе Те благословувам, Господи.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>