1ⓑКон Тебе, Господи, викам, карпо моја; не оглушувај се кон мене, та да не заприлегам при Твоето молчење на оној што слегува во гроб!
2ⓒЧуј го гласот на молитвите мои, кога викам кон Тебе, кога кревам раце кон Твојот свет храм.
3ⓓНе земај ме со нечестивци и злосторници, кои со ближните свои говорат за мир, а во срцето смислуваат зло.
4ⓔВозврати им, Господи, според нивните дела, според нивните лоши постапки; според делата на нивните раце, возврати им го она што го заслужиле!
5ⓕБидејќи тие немаат почит кон делата на Господ, ниту кон делата на рацете Негови; Тој ќе ги собори и нема да ги подигне.
6Благословен е Господ, зашто Тој го чу гласот на молитвите мои.
7Господ е крепост моја и штит мој; во Него има верба срцето мое и Тој ми помага; затоа се радува срцето мое и јас ќе Го прославувам со песна.
8ⓖГоспод е крепост на Својот народ и спасоносно прибежиште за Својот помазаник.
9Спаси го народот Свој и благослови го наследството Твое; биди им Пастир и носи ги довека!