1Ќе Те величам, Господи, зашто ме извлече и не допушти непријателите мои да се радуваат над мене.
2Господи, Боже мој, повикав кон Тебе, и Ти ме исцели.
3ⓝГосподи, Ти ја изведе душата моја од светот на мртвите и ме спаси од слегување во гроб.
4ⓞПејте Му на Господ, верници Негови, благодарете Му на Неговото свето име,
5ⓟзашто гневот Му трае само миг, а вечна е милоста Негова: плачот трае преку ноќта, но утрото носи голема радост.
6ⓠИ јас си реков во изобилието мое: „Нема да се поколебам довека.“
7Господи, според милоста Твоја Ти ме утврди како гора; но штом го сокри лицето Свое, јас се исплашив.
8ⓡТогаш кон Тебе, Господи, повикав и на мојот Бог, Му се помолив:
9„Каква полза од крвта моја, ако слезам во гроб? Ќе Те слави ли правот, ќе ја објави ли тој верноста Твоја?“
10ⓢЧуј ме, Господи и смилувај се, биди помошник мој.
11Ти ја претвори тагата моја во радост, го симна од мене вреќиштето и ме препаша со веселба,
12ⓣза да Те слави душата моја и да не замолкне; Господи, Боже мој, вечно ќе те славам!