Псалми 34:1-22 MKDB2006 - Bible AI

1Ќе Го благословувам Господа во секое време; похвала за Него секогаш ќе има во мојата уста.

2Со Господ ќе се фали душата моја! Нека го чујат тоа понизните и нека се зарадуваат.

3Величајте Го Господа со мене, и за­едно да го возвишуваме името Негово.

4Го побарав Господа, и Тој ме чу и од сите стравови мои ме избави.

5Кон Него погледнете и разведрете се и лицата ваши нема да се посрамат.

6Несреќниот вика и Господ го слуша и го спасува од сите негови неволји.

7Ангел Господов се улогорува околу оние, кои се бојат од Него, и ги спасува.

8Вкусете и ќе видите, колку е добар Господ! Блажен е оној човек, кој кај Него прибегнува!

9Имајте страхопочит кон Господ, сите праведници Негови, зашто ништо нема да им недостига на оние кои имаат страхопочит кон Него.

10Осиромашија и огладнеа богати­те, а оние што Го побараа Господа, не ќе бидат лишени од секакви добра.

11Дојдете, чеда, послушајте ме: јас ќе ве научам да имате страхопочит кон Господ.

12Сака ли човек да живее и да види добри денови,

13нека си го воздржува јазикот од зло и устата своја од лаги,

14нека се клони од зло и нека прави добро; да бара мир и да врви по него.

15Очите на Господ се насочени кон праведните, и ушите Негови — кон молитвите нивни.

16Но лицето на Господ е против оние што вршат зло; ќе го истреби од Зем­јата споменот за нив.

17Кога викаат праведните, Господ ги слуша и ги спасува од сите маки нивни.

18Блиску е Господ до оние со скрше­но срце, и смирените по дух ќе ги спаси.

19Бројни се маките на праведните, но од сите нив Господ ќе ги избави.

20Господ ги чува сите коски нивни; ниедна од нив нема да се скрши.

21Злото му носи смрт на грешни­кот; оние, што го мразат праведниот, ќе платат.

22Господ ќе ги спаси душите на слу­гите Свои, и никој од оние, кои прибегнуваат кон Него, нема да биде осуден.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>