1Гревот му зборува на грешникот; длабоко во неговото срце, нема страв Божји пред очите негови,
2ⓕзашто тој самиот на себеси си ласка, место да го увиди своето беззаконие и да го намрази;
3ⓖзборовите на устата негова се неправда и измама; тој не сака да се вразуми, и да врши добро;
4на леглото свое смислува беззаконие, останува на лош пат, од зло не се гнаси.
5Господи, Твојата милост е до небесата, Твојата вистина — до облаците!
6ⓗТвојата праведност е како моќните гори, а судовите Твои како голема бездна! И луѓе и добиток спасуваш Ти, Господи!
7О колку е скапоцена Твојата милост, Боже! Синовите човечки се засолнуваат под Твојата закрила;
8ⓘтие се ситат од изобилието на Твојот дом, и од потокот на Твојата красота ги напојуваш;
9ⓙзашто во Тебе е изворот на животот: во Твојата светлина ние гледаме светлина.
10ⓚПродолжи ја милоста Своја кон оние кои Те познаваат, и спасението Свое кон оние со чисто срце.
11Нека не ме гази ногата горда, и раката на грешникот да не ме гони.
12Таму паднаа оние што вршат беззаконие; соборени се и не можат веќе да станат.