Псалми 37:1-40 MKDB2006 - Bible AI

1Не жести се поради злобниците и не завидувај им на оние што вршат беззаконие,

2зашто тие ќе се исушат како трева, и како зелје набргу ќе свенат.

3Верувај во Господ и прави добро, за да живееш на земјата и да уживаш во спокојство.

4Сета радост нека ти биде во Господ, и Тој ќе ти даде што ќе посака срцето твое.

5Довери Му го патот свој на Господ и во Него верувај и Тој ќе делува;

6и ќе ја изведе правдата твоја како светлина, и справедливоста твоја — како пладне.

7Биди кроток пред Господ и на Него надевај се. Не жести се на оној, кој успева на патот свој, на човек кој врши беззаконие.

8Воздржи се од лутина и остави ја јароста, не жести се — самиот да не пра­виш зло,

9зашто оние што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господ, ќе ја наследат земјата.

10Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш.

11А кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир.

12Грешникот смислува зло против праведниот и чкрта со забите против него,

13но Господ му се потсмева, зашто однапред гледа дека му се ближи крајот.

14Грешниците ги вадат мечевите, го оптегнуваат лакот свој за да го кутнат бедниот и сиромавиот, за да ги прободат оние што се со чисто срце.

15Но мечот нивни ќе се забие во нивното срце, и лаците нивни ќе се скр­шат.

16Малото богатство кај праведниот е многу подобро отколку големото богатство на грешниците.

17Зашто мишките на грешниците ќе спласнат, а на праведниците Гос­под им ги поткрепува.

18Господ ги знае патиштата на непо­рочните; и нивното наследство ќе биде вечно:

19во зло време нема да бидат посрамени и во деновите на глад ќе бидат сити;

20зашто грешниците ќе загинат, и непријателите Господови ќе ги снема како полска убавина, ќе исчезнат како дим.

21Грешникот зема на заем и не враќа, а праведниот е милостив и дава,

22зашто оние, кои Господа Го бла­гословуваат, ќе ја наследат земјата, а оние што тој ги проколнува, ќе бидат истребени.

23Господ ги зацврстува стапките на човекот и мили Му се неговите па­тишта:

24па и ако се сопне, нема да падне, зашто Господ го држи за рака.

25Бев млад, и остарев, но не видов оставен праведен човек ниту децата не­гови леб да просат;

26тој секој ден знае да се смилува и на заем да дава, и потомството негово ќе биде благословено.

27Клони се од зло и прави добро, па ќе живееш вечно;

28зашто Господ ја сака правдата и не ги остава верниците Свои; нив вечно ќе ги чува, а потомството на безбожниците ќе биде истребено.

29Праведните ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно.

30Устата на праведниот кажува муд­рост, а јазикот негов изговара правда.

31Законот на неговиот Бог е во срцето негово; стапките негови нема да се сопнат.

32Грешникот го демне праведниот и бара да го убие;

33но Господ нема да го предаде во негови раце и нема да го осуди, кога ќе биде суден.

34Надевај се на Господ и остани на Неговите патишта; Тој ќе те воздигне за да ја наследиш земјата; и ќе го гле­даш истребувањето на грешниците.

35Видов страшен безбожник, кој се превознесуваше и издигаше како кедар леванонски.

36Поминав и, ете, го нема; го побарав, и не го најдов.

37Види го непорочниот, гледај го праведниот: има напредок за мир­ниот;

38а безбожниците сите ќе бидат истребени, нивното наследство ќе се затре.

39Спасението, пак, на праведните доаѓа од Господ и Тој е нивни заштитник во тешко време;

40им помага Господ и ги избавува; ги избавува од грешниците и ги спасува, зашто кај Него прибегнуваат.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>