Псалми 38:1-22 MKDB2006 - Bible AI

1Господи, во јароста Своја не карај ме и во гневот Свој не казнувај ме,

2зашто стрелите Твои се забија во мене, и Твојата рака тежи врз мене,

3нема ништо здраво на моето тело од Твојот гнев; во коските мои нема мир поради гревот мој;

4зашто беззаконијата мои ја надви­шија главата моја, како тешко бреме ме притиснаа.

5Смрдат и гнојат раните мои поради безумието мое.

6Се згрбавив и се стопив сосема, цел ден натажен одам;

7слабината ми е воспалена, нема здраво место на телото мое.

8Исцрпен сум и дотолчен; рикав поради воздишките на срцето мое.

9Господи, пред Тебе се сите мои копнежи, и мојата воздишка не е сокриена од Тебе.

10Срцето засилено ми бие, ме напуш­ти силата моја, и светлината на очите мои, — и неа ја нема во мене.

11Моите пријатели и моите ближни се приближија и не се доближија; застанаа подалеку од мене,

12а оние што ја бараат душата моја, ми поставуваат примки, говорат за пропаст и секој ден кројат сплетки;

13а јас, пак, како глув не слушам и како нем сум, кој не ја отвора устата своја;

14станав како човек што не слуша и што во устата своја нема одговор,

15зашто на Тебе, Господи, се надевам; Ти ќе одговориш, Господи, Боже мој.

16Зашто се молам само да не се по­гордеат над мене; и кога ќе ми се по­колебаат нозете мои, тие да не се кренат над мене.

17Готов сум да паднам, и болот мој секогаш е со мене.

18Беззаконието свое го признавам и ќе жалам поради гревот мој.

19А оние што ми се непријатели без причина се силни, и се намножија оние што неправедно ме мразат,

20ми враќаат зло за добро, ми ста­наа противници, зашто јас сум за добро.

21Не оставај ме, Господи, Боже мој, не оддалечувај се од мене;

22побрзај да ми помогнеш, Господи, Спасителе мој!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>